Митко Јанчев: Почнува инвестиција од 30 милиони евра во Кавадарци 

Mitko Jancev naslovna

Почнува инвестиција од 30 милиони евра, Мала Америка во Кавадарци, информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на својот Фејсбук профил. 

Zito akcija 640x289px

„Во Општина Кавадарци започнува инвестицијата од 30.000.000 евра на наш сограѓанин кој живее во САД. Како што можете да видете и на официјалната страна на самиот проект, ќе се изгради модерен повеќенаменски комплекс, по највисоките светски стандарди, кој ќе биде единствен во регионот, мол и три станбени згради во новиот центар на Кавадарци, на површина од 65.000 квадратни метри. Во целиот комплекс ќе биде вграден најсoфистициран систем за греење и ладење, кој ќе придонесе за заштеда на електрична енергија до 70 проценти“, соопшти Јанчев. 

Agria

Тој додаде дека изградбата со целокупната документација од Општина Кавадарци, е веќе започната. 

„Како што беше најавено и ветено во предизборната програма, целокупниот проект, комплекс, се гради во прва фаза како приоритет и ќе биде завршен и пуштен во употреба до август 2025 година. Кавадарци е европски град. Кавадарци за сите, напиша Јанчев“, наведувајќи ја веб-страницата https://littleamerica.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/37702/policziski-sluzhbenik-i-odbojkar-na-shkendija-povredeni-vo-vcherashniot-inczident-vo-veles/