Митко Јанчев: Почнуваме со развој на зимски спортови во општина Кавадарци

Mitko Jancev 3

Почнуваме со развој на зимски спортови во општина Кавадарци, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев на Фејсбук.

Zito akcija 640x289px

„Од оваа зима кавадарчани ќе уживаат и во зимските спортови. Општина Кавадарци денес доби голема донација која означува почеток на развој на зимските спортови во кои ќе уживаат сите генерации. Со одлука на Совет на Општина, нашиот убав град прими донација од 231.660 евра, од кои 115.000 евра се средства донација од Комерцијална Банка и 115.000 евра се средства донација од Кожувчанка ДОО“, напиша Јанчев.

Agria

Тој појасни дека донацијата е во материјални добра и услуги.

„Се работи за ски лифт во должина од 370 метри со капацитет од 600 лица на 1 час, скијачки појас со капацитет од 800 лица, четири сезонски вртелешки, мобилна пумпа, црево со висок притисок 5броја x 20 метри мах 20 бар., филтри 4 броја, хидрант 4 броја, снежни топови 2 броја и заштитна мрежа 20 броја“, додаде градоначалникот.

Тој напиша дека ветувањето во предизборната програма, од денес, со овој проект, станува реалност.

Во претстојниот период започнува изградбата на овој скијачки центар, а веќе во декември истиот ќе биде во функција, соопшти тој на Фејсбук.

Можеби ќе ве интересира: