Младен Чадиковски избран за старо-нов претседател на ЗНМ

Новинарот Младен Чадиковски е реизбран за претседател на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), откако освои мнозинство од гласовите на околу 450 делегати кои гласаа на денешното изборно собрание. Неговиот противкандидат, Марјан Николовски, веќе му ја честиташе победата, а во изборната трка за челната позиција на ЗНМ учествуваше и новинарката Фиљана Кока.

Zito akcija 640x289px

Гласањето заврши околу 18 часот, по маратонското изборно собрание на Здружението, кое започна во 10 часот изутринава.

Agria

Покрај за претседател, членовите на ЗНМ гласаа и за Управен и Надзорен одбор, како и за нов состав на Советот на честа. Гласовите за управните тела допрва ќе се бројат.

Во предлог – програмата на Чадиковски за ЗНМ во претстојниот мандат пишува дека тој, меѓу другото, ќе се залага за побрзи реформи во јавниот сервис, за основање на Фонд за медиумски продукти, ограничување на владиниот ПР, тренинг академија на ЗНМ, како и јакнење на улогата на регионалните центри на ЗНМ, како и на постоечките секции на Здружението (сниматели, спортски новинари, млади новинари, фоторепортери, филмски критичари).

ЗНМ е здружение на околу 1 000 професионални новинари, сниматели и фоторепортери. Основано е 1946 година.

https://fb.watch/hbjfduGEMk/

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34581/18-godishnik-maltretiran-od-trojcza-vrsniczi-vo-sobata-vo-koja-prestojuvale-vo-uchenichki-dom-vo-veles/
СПОДЕЛИ