Младост славеше над Превалец, Големо Коњари шампион на Трета лига – Југ

Mladost Krivogastani Prevalec sezona 24-25

Во натпревар од 25. коло на Третата лига – Југ, ФК Младост Кривогаштани извојува победа од 2:1 против ФК Превалец, во меч кој беше решен уште во првото полувреме кога домаќините постигнаа два гола. Единствениот погодок за Превалец го постигна Сашко Кочов во второто полувреме, но тоа не беше доволно за да се избегне поразот.

Со овој пораз, а особено по убедливата победа на Големо Коњари со 10:1 против Влзними Јуниор, Превалец и математички ги загуби шансите за освојување на шампионската титула. Едно коло пред крајот на првенството, Големо Коњари останува недостижен на врвот на табелата.

Agria

Последното коло ќе биде формалност за врвот, но останува да се види како екипите ќе ја заокружат сезоната.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: