Ракометарите на Борец пружија силен отпор на лидерот Младост на гостински терен во Богданци. Ниту добрата партија на голот на Митревски не успеаја да ја искористат велешани за да се вратат со поволен резултат.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот добро започна за велешани, во седмата минута имаа водство од 1:4. Сепак неколку технички грешки го вратија во игра домаќинот и во 13 минута беше 6:6. До крајот на полувремето се играше гол за гол и на одмор се отиде со резултат 12:12.
Содржината продолжува под рекламата
И во вториот дел велешани беа подобри. Во 35 минута имаа водство од 14:16, а во 45 минута ја имаа и највисоката предност од 18:21. Од овој момент играта на Борец како да се смени, се правеа технички грешки во нападот а домаќините тоа го користеа. Со серија од 6:1 ракометарите на Младост направија пресврт и го добија натпреварот со 27:24.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен кај велешани беше Кристијан Ристов, со осум погодоци, додека кај домаќините беше Митко Караиванов со осум погодоци. Во последното коло од есенскиот дел ракометарите на Борец ќе ја пречекаат екипата на Вардар од Неготино.
Можеби ќе ве интересира: