МНР апелира за итно напуштање на Украина поради опасност од воена ескалација

ministerstvo za nadvoresni raboti MNR

Министерството за надворешни работи упати уште еден апел до македонските државјани итно да ја напуштат Украина.

Zito akcija 640x289px

„Поради сериозно влошената безбедносна ситуација во и околу Украина, упатуваме посебен апел до нашите државјни кои сѐ уште се наоѓаат во Украина, итно да ја напуштат земјата поради можност од воена ескалација. Соодветно, ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои во претстојниот период планирале посета на Украина, да избегнуваат патувања во земјата. Министерството за надворешни работи ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби”, велат од МНР.

Agria

Потсетуваме и на претходните повици кон оние граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои сѐ уште не ги оставиле своите податоци во амбасадата, да ја контактираат Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, со цел доставување на своите податоци, на следните телефонски броеви: +380442877882; +380663951190; е-mail: [email protected]Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

Дополнително, нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]

Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев“ се наведува во соопштението на МНР.

Од таму додаваат дека ќе продолжат да ги следи состојбите во Украина и навремено да информираат за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/27726/shkendija-ubedlivo-triumfira-protiv-borecz-vo-veles/