МНР: Учеството во која било туѓа војска е кривично дело

ministerstvo za nadvoresni raboti MNR
ministerstvo za nadvoresni raboti MNR

Министерството за надворешни работи предупредува дека учеството во која било туѓа војска е кривично дело.

„Како земја пријател на Украина имаме разбирање за сложената состојба во која се наоѓа Украина и која ги става во посебна состојба украинските власти да повикуваат за секаков вид помош, во сите пријателски земји, вклучувајќи и придружба и/или доброволци кои би се приклучиле на украинската армија во одбраната од воената закана која доаѓа од руските воени сили.

Agria

Сепак, Министерството за надворешни работи ги потсетува граѓаните на Северна Македонија дека учеството во  која било туѓа војска, со законските прописи, поточно со Кривичниот законик на земјава, е кривично дело.

Воедно сакаме да потсетиме дека Република Северна Македонија во целост ја осудува воената агресија на Русија врз Украина, и тоа соодветно земјава го демонстрира и во ОН, НАТО, ОБСЕ и на сите други билатерални и мултилатерални форуми“, се вели во соопштението на МНР.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: