Мобилни тимови на општина Велес ќе им помагаат на ранливите категории

Општина Велес формира мобилни тимови за помош на сите возрасни лица, изнемоштени лица, лица со попречености и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат подршка од семејствата. Ова се прави со цел овие категории на граѓани да се снабдуваат со неопхопдните продукти за живот, а притоа да не излегуваат од дома, поради состојбата со коронавирусот.

Zito akcija 640x289px

Овие категории граѓани можат да се јават на мобилните тимови на телефоните: 078 254 729, 075 272 485 и 075 247 637.

Agria

По јавувањето, до домот на нарачателот пристигнува мобилниот тим, кој ќе ја прими нарачката, а нарачателот врачува соодветна сума на парични средства. Потоа, мобилниот тим ја спроведува услугата, се враќа во домот на нарачателот со продуктите и фискална сметка.

ОПШТИНА ВЕЛЕС ФОРМИРА МОБИЛНИ ТИМОВИ ЗА ПОМОШ НА СИТЕ ВОЗРАСНИ ЛИЦА, ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА, ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ И ХРОНИЧНО…

Geplaatst door Општина Велес op Zondag 15 maart 2020

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: