Момче и девојче на 18 и 16 години почнаа да примаат „трикафта“

cystic fibrosi cisticna fibroza

Момче на 18-годишна возраст и 16-годишно девојче се најновите пациенти со цистична фиброза, кои денеска почнаа да примаат модулаторна терапија, попозната во јавноста како „трикафта“, потврди за МИА, директорката на Детската клиника во Скопје, Валентина Цвејоска Чолаковска.

Zito akcija 640x289px

„На крајот на 2023 година започна лекувањето со модулаторна терапија кај две пациентки со цистична фиброза, покрај дванаесетте пациенти кои ја примаа терапијата дотогаш. Денеска продолживме со лекување на уште двајца пациенти, а за оваа недела во план е да се вклучат уште две лица. Сите овие пациенти се во првата група на лица со цистична фиброза според тежината на болеста, според проценка од работната група формирана од Министерството за здравство. Една од пациентките веќе го продолжи лекувањето во домашни услови. Пациентите кои се водат на Клиниката за пулмологија, ќе се вклучуваат според планот на конзилиумот на оваа клиника“, појасни таа за МИА.

Agria

Доцент доктор Цвејоска Чолаковска кажа оти вкупно има 55 пациенти со цистична фиброза над 12 години, кои треба да се на терапија и кои ќе бидат постепено вклучувани во текот на оваа година, според тежината на болеста.

Од Министерството за здравство информираа дека листата е направена од стручна комисија, по направени медицински прегледи на сите пациенти со цистична фиброза, според бодирање.

„Лекот „трикафта“ е безбеден лек, одобрен од Европската медицинска агенција. Ефектот од терапијата е брз, значителен и одржлив“, нагласија од Министерството.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: