Момчето убиец од Основното училиште „Владислав Рибникар“ утрово е донесено од болницата каде што е сместено во зградата на Специјалниот суд каде денеска треба да биде сослушан во кривичната постапка против неговите родители.
Содржината продолжува под рекламата
Момчето убиец со возило на Брза помош било донесено на задниот влез на Специјалниот суд. Возилото било придружувано од два полициски џипа со ротации, пренесуваат тамошните медиуми.
Содржината продолжува под рекламата
Според написите, пред Специјалниот суд има вооружени полицајци со пушки кои го обезбедуваат судот и судењето. Има и неколку полициски возила.
Српските медиуми потсетуваат дека момчето-убиец кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година, првпат ќе се сретне лице во лице со семејствата на неговите жртви, како и со неговите родители, откако уби невини деца и училишен чувар а од покренувањето на обвинението му беше забрането да комуницира.
Можеби ќе ве интересира: