МОН и матурантите дојдоа до компромис за државната матура

Blendi Hodai
Blendi Hodai

Во текот на вчерашниот ден од Сојузот на средношколци на својот Фејсбук профил објави соопштение во кое посочија дека помеѓу матурантите и Министерството за образование е постигнат компромис кога е во прашање државната матура. Тие по средбата со премиерот Заев, пратеничката Зајкова и советникот на премиерот Тасев, донесоа одлука да го прифатат решението. 

Zito akcija 640x289px

Прифатливо е компромисното решение за начинот на полагање на државната матура коешто го прифати и Сојузот на средношколци, соопшти Министерството за образование и наука. Оттаму уверуваат дека предложениот модел е во интерес на сите матуранти, пришто ниту еден од нив нема да биде оштетен, а државата го задржува стандардот од два екстерни и два интерни испити.

Agria

“Министерството за образование и наука во соработка со Матурскиот одбор навремено ќе ги информира матурантите за направените промени со цел успешно да се подготват за претстојното полагање на испитите. Напоменуваме дека овој модел на полагање на државна матура бил веќе применуван во нашата држава од учебната 2007/2008 до учебната 2012/2013 година”, се наведува во соопштението на МОН.

Инаку, министерката Царовска долго време беше непопустлива на барањата на матурантите објаснувајќи дека не е можно да има измени во нашинот на полагање на матурата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: