Можни ли се нови рестрикции, денеска состанок на комисијата за заразни болести во врска со „Делта“ сојот

karadzovski_filipche_komisija
karadzovski_filipche_komisija

Комисијата за заразни болести денеска на состанок ќе разговара за тоа дали се потрени нови рестрикции поради ширењето на делта-видот на коронавирусот, а според неофицијални извори на нашата редакција, во опција е одлука за карантин, негативен ПЦР или да се покаже сертификат за вакцинација кај патниците кои се враќаат од ризичните земји.

Zito akcija 640x289px

Во овој момент, само за патниците од Индија има условен влез од 14 дневен карантин, но денеска би требало да се прошири листата со други високоризични земји.

Agria

Новиот сој се уште не е присутен кај, а во однос на овој проблем за построги рестрикции размислуваат и соседите Србија и Албанија

Министерот за здравство, Венко Филипче извести дека иако дел од челновите биле на одмор, веќе се анализира и се истражува за овој вид и мислењата на челновите на Комисијата ќе бидат слушнати денеска.

Епидемиологот Данаиловски вчера рече дека прашање на време е кога индискиот (делта) сојот на коронавирусот ќе дојде и кај нас. Тоа веројатно нема да биде пред есен затоа што дури тогаш ќе почнат  дружбите на затворено, но тој не верува дека ќе случи некој силен бран.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: