Moжно е да се дозволи организирање на свадби на отворен простор со сите здравствени протоколи

Svadba

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дополнително олабавување на мерките, доколку и во иднина продолжи овој тренд на намалување на бројот на заразени од корона вирусот.

Zito akcija 640x289px

Исто така, првиот човек на здравство најави и организирање на свадби на отворен простор со сите здравствени протоколи

Agria

Филипче смета дека тоа е разумно и има логика да се имплементира од почетокот на јуни, но, како што рече, не може да тврди дека ќе биде така бидејќи за тоа треба да одлучи Комисијата за заразни болести.  

Според Филипче, сите други протоколи во однос на организација на настани се многу соодветни и треба да продолжат и понатаму да се спроведуваат.  

Филипче изрази надеж дека бројките ќе продолжат да се намалуваат и оти потоа ќе може да се размислува и зборува за олабавување на мерките. Посочи дека треба да продолжи и понатаму одржувањето на настани со 30 отсто исполнетост на капацитетот во затворени услови или 50 отсто надвор.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/20891/foto-povreden-mlad-veleshanecz-vo-sudar-na-motor-i-avtomobil-kaj-star-most/