Без победник заврши градското дерби помеѓу Превалец и Борец во Третата фудбалска лига- Југ. Натпреварот се играше на теренот во велешката населба Превалец и заврши со нерешен резултат 0:0.
Содржината продолжува под рекламата
Овој натпревар ги привлече љубителите на фудбалот и околу 400 гледачи имаа можност да видат квалитетен натпревар, но мрежите мируваа.
Содржината продолжува под рекламата
По ова шесто коло и двете екипи остануваат единствени без доживеан пораз, во досегашниот дел од првенството. Во следното коло Превалец гостува кај Ултрас во Прилеп, додека Борец ќе одигра уште еден тежок натпревар против екипата на Големо Коњари.
Можеби ќе ве интересира: