МВР на терен, санционирани голем број на возачи

Policaec so maska

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле казнети 542 возачи.

Zito akcija 640x289px

Од нив 40 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 13 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Agria

Притоа, 258 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 284 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/25583/nov-smrten-sluchaj-vo-veleshkiot-kovid-czentar-13-paczienti-imaat-potreba-od-kislorodna-poddrshka/