Според официјалните информации, синоќа околу 22.30 часот, во полициската станица во општина Гази Баба, биле приведени 3 лица поради забраната за движење во полициски час. Се работи за лицата В.М од Арачиново, С.Р. од Синѓелиќ, и В.В од Скопје.
“По изготвената соодветна документација, лицата се пуштени од полициската станица, а насобраната група се разотишла. Ќе бидат превземени соодветни мерки против сите лица кои што не го почитуваа ограничувањето на движење”, се вели во соопштението од МВР.