Министерството за внатешни работи синоќа ја извести јавноста дека се уште по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје откако вчера во 08.35 часот нејзината мајка пријавила дека е исчезната. Од полицијата истакнуваат дека за решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн.
-Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката, посочуваат од полицијата во соопштението.
Случајот го обелодени мајката на тинејџерката во објава на социјалните мрежи, а го потврди и МВР.
Мајката вчера раскажа дека Вања последен пат била видена во Дебар Маало, на пат кон Песталоци, кога заминала на училиште. Таа вчера сподели статус на социјалните мрежи и побара помош од граѓаните.
„Утрово во 7.20 мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и ѝ се губи секаква трага. Облечена е во црни пантолони со странични џебови, црна кратка зимска јакна и бели патики со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075400816“, напиша Зорица Ѓорчевска на Фејсбук.
Можеби ќе ве интересира: