Министерството за внатрешни работи (МВР) во изминатото деноноќие регистрира 643 лица кои ја прекршиле мерката за носење на заштитна маска на лице во насока на спречување на ширењето на коронавирусот.
Од МВР информираат и за 366 издадени решенија на лица за изолација, а 125 граѓани потпишале изјави за самоизолација. Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација и не евидентирале непочитувања на мерките.
Можеби ќе ве интересира: