Според Министерството за здравство а во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, ширум земјава во последните 24 часа направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 113, Кавадарци – 8, Куманово и Битола – по 6, Прилеп и Кочани – по 4, Ресен – 3, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од:
Скопје – 161, Битола – 32, Прилеп – 30, Кавадарци – 29, Кочани – 20, Куманово – 17, Тетово и Велес – по 14, Штип и Крива Паланка – по 12, Кратово – 6, Пробиштип и Демир Хисар – по 5, Охрид, Неготино и Делчево – по 4, Гостивар, Ресен и Македонска Каменица – по 3, Свети Николе и Берово – по 2, Струга, Гевгелија, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 4 од Велес (84, 83, 72 и 69), 3 од Скопје (68, 63 и 50), 2 од Куманово (67 и 64) и по едно починато лице од Прилеп (50), Битола (68), Штип (69) и Крива Паланка (82). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
До овој момент се направени вкупно 1.450.215 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290.
Можеби ќе ве интересира: