На автопатот Куманово–Скопје-Велес, санкционирани 89 возачи за брзо возење

Policiski radar

Продолжува трендот на санкционирање на возачи кои возат со поголема брзина од дозволената. Во новата акција на МВР санкционирани се 89 возачи на автопатот Куманово – Скопје – Велес.

Во вчерашниот ден, мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 89 возачи. Од нив, 24 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопштија од МВР.  

Agria

Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта. 

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: