На автопатот Куманово – Скопје – Велес утрово казнети 60 возачи за брзо возење

Policija zapira vozilo

Утрово од 8 до 12 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово – Скопје – Велес, при што се санкционирани  60 возачи.

Zito akcija 640x289px

Од МВР информираа дека 14 возачи возеле со брзина поголема од 50 километри на час над пропишаната.

Agria

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведуваат од МВР.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: