На граничните премини Табановце и Богородица утринава времето на чекање е околу 30 минути, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.
На државните патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози.