Бројот на хоспитализирани пациенти во велешката болница е 76. Од нив, 58 имаат потврдени позитивни тестови, 10 пациенти се сомнителни на вирусот, а осум имаат негативни брисеви, но се задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 32 пациенти. На инфективното оддееление има 52 пациенти, а на интерното и Модуларната болница се лекуваат 12 пациенти.
Од болницата известуваат дека маж на 44 годишна возраст починал откако бил лекуван на Инфективното одделение два дена.
Според последниот извештај на Министерството за здравство, во последното деноноќие во Велес се регистрирани нови шест случаи со коронавирус, а петммина велешани сe починати како последица на ковид-19. Во истиот период се регистрирани и 44 оздравени пациенти.
Досегашната ковид статистика за градот е 4379 заразени и 3591 оздравени. Активниот број на ковид случаи е 650, а регистрирани се 138 смртни случаи како последица на коронавирусот.
Можеби ќе ве интересира: