Жена на 58-годишна возраст од Свети Николе почина вчера попладне во велешката болница. Пациентката била позитивна на ковид-19 и на инфективното одделение во болницата се лекувала четири дена. Починатата не била вакцинирана против ковид-19.
Од велешката болница информираат дека таму од ковид-19 се лекуваат 37 пациенти, од кои 36 имаат позитивни тестови и еден пациент е со негативен тест, но е задржан на болничко лекување. На кислородна поддршка се 18 пациенти. Денеска се испишани четрворица пациенти како оздравени, со по еден негативен тест.
Содржината продолжива под рекламата
Сите пациенти се сместни на инфективно одделение. Во текот на вчерашниот ден извршени се два транспорта за Скопје во приватните болници Жан Митрев и Систина.
Можеби ќе ве интересира: