На полноќ поевтинуваат бензините, дизелот останува со стара цена

Guzvi pred benzizski

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на бензините во однос на одлуката од 1.12.2022 година. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит.

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,361 ден/кг.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Согласно новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 83 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 85,5 денари за литар. Цената на дизелот останува 84,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 81,5 денари за литар, а мазутот ќе се продава по цена од 42,171 денар за килограм.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34617/utrovo-zakani-so-bombi-vo-pet-uchilishta-vo-kavadarczi/