На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу половина час

Granicen premin Bogorodica

Од 9 јули, 11:00 часот, на десна коловозна лента на автопат Скопје – Куманово извршена била времена измена на режим на сообраќај , при што во должина од 1000 метри (пред НС Миладиновци до НС Миладиновци), сообраќајната лента за принудно запирање и сообраќајната лента за возење ќе бидат затворени, додека сообраќајот ќе се одвива по левата сообраќајна лента за претекнување.

Zito akcija 640x289px

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.

Agria

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила времето на чекање на ГП Табановце за влез и на ГП Богородица за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.