На „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата се чека околу половина час

guzvi i kolono na granica
guzvi i kolono na granica

На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата се чека околу 30 минути, информира АМСМ.  На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

Содржината продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

За 24 часа на граничниот премин Прешево-Табановце во двата правца поминале околу 24.000 возила, јави Данас, повикувајќи се на извори во Граничната полиција на Србија.

Можеби ќе ве интересира:

На граничниот премин Прешево на излез од Србија кон Северна Македонија во вторникот попладне се чекаше од 60 до 90 минути, а најголемите редици беа на влезот во Србија од правец на Северна Македонија

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: