На велешка Бузаана се степале позајмувач и должник

tepacka 997x485
tepacka 997x485

Тепачка меѓу жител на село Мелница и велешанец се случила вчера околу 15 часот на улица „Славе Петков“, во близина на Бузаана, во Велес. Во инцидентот учествувале 23-годишно момче од Мелница и 35-годишен велешанец. Причина за тепачката била нерасчистени должничко-доверителски односи меѓу нив.

Zito akcija 640x289px

„На 20.08.2020 околу 15.10 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„С.Петков“ во Велес бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.С.(23) од с.Мелница, општина Чашка и Ѓ.Д.(35) од Велес. Според пријавеното, причина за пресметката се должничко-доверителски односи“, соопшто Димитар Каракулев од СВР Велес.

Agria

По целосно документирање на случајот против двајцата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: