Уште еден мигрант го изгуби животот барајќи ја среќата во западните земји. Тој се качил на товарниот воз на релација Гевгелија – Табановце – Скопје на станицата во Демир Капија и по допир со инсталацијата која што е под напон дошло до негова смрт.
Содржината продолжува под рекламата
„На 20.06.2023 околу 17.30 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на Железничка станица Демир Капија, на вагон од товарен воз, кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце, машко лице мигрант починало од струен удар“, информираа од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР Неготино. Се работи на расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: