Над 100 илјади дози на компанијата Фајзер пристигнуваат во земјава

Fajzer vakcvina vo Makedonija
Fajzer vakcvina vo Makedonija

Во земјава денеска се очекува да пристигнат 110.612 вакцини против коронавирусот од компанијата „Фајзер-Бионтек“, кои се купени преку Ковакс-механизмот, соопшти министерството за здравство.

Во нивното соопштение е наведено дека до крајот годината се очекува испорака на уште 100 илјади вакцини од овој производител.

Agria

Пристигнатите вакцини, кои се препорачуваат за имунизација и на деца над 12 години, ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови низ земјата. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцинација се одвива и без закажан термин во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Можеби ќе ве интересира:

Rontis oglas do 2 juni

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: