Велешката полиција изрече преку 1000 казни месецов за граѓаните кои не носеле заштитни маски на лицето. Просекот на дневно казнување во Велес изнесува околу 53 граѓани.
Во истиот период, за истиот прекршок, СВР Велес казнила нешто под 300 кавадарчани и околу 250 неготинчани. Ако се има предвид дека Велес има една третина повеќе жители од Кавадарци и речиси двојно повеќе од Неготино, тогаш бројките на изречените казни покажуваат дека велешани се многу понедисциплинирани од кавадарчани и неготинчани во однос на обврската за носење заштитни маски на лицето.
Само вчера во Велес се казнети 38 граѓани, во Кавадарци 23 и во Неготино 12 и тие ќе мора да платат глоба од 20, односно 10 евра. Казните се изрекуваат според член 6 став 1 од Уредбата за носење на лична заштита на лицето.
Можеби ќе ве интересира: