Најавен протест за денеска по наводите за криминал на онкологија

pacient vo krevet
pacient vo krevet

На социјалните мрежи група граѓани за денеска

Zito akcija 640x289px

најавуваат протест кој ќе започне во 18 часот пред Влада. Во повикот до граѓаните се вели целта е да се изрази револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија.

Agria

Според најавата на групата на Фејсбук протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе бидат побарани оставки и одговорност од сите министри за здравство!

Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!, стои во повикот за утрешниот протест.

„Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери“, се вели во најавата за протестот.

Еве и дел од барањата на организаторите на утрешниот протест:

„Бараме одговорност од министрите“, Беким Сали и Фатмир Меџити.

„Бараме одговорност од замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја Манолева.

„Бараме одговорност од поранешната директора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска.

„Бараме одговорност од поранешниот организационен директор на Клиниката Нехат Нухи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: