Најмногу заразени велешани во едно деноноќие од почетокот на епидемијата

Infektivno oddelenie Veles
Infektivno oddelenie Veles

Дваесет велешани заразени од Ковид-19 се регистрирнаи во изминатите 24 часа. Ова досега е најголема бројка на дијагностицирани велешани во едно деноноќие.

Zito akcija 640x289px

Неславен рекорд има и кај бројот на починати пациенти, во последните 24 часа. Битката со коронавирусот ја загубија 22 пациенти во земјава, што е најмногу од почетокот на пандемијата кај нас.

Agria

Во последното деноноќие регистрирани се 561 случај на коронавирус во земјава, откако се направени 1901 тест. Најмногу случаи има во Скопје 71, но голем број заразени има и уште во неколку други градови како Прилеп во кој има 33 случаи, Струмица 32, Куманово 29, Тетово 26, Велес 20, Штип 19, Кавадарци 18, Битола 17, Гевгелија 15, Кочани 12, Охрид 11и Гостивар 10.

Во Берово има осум нови случаи, во Свети Николе пет, во Кичево шест, во Неготино и Пробиштип по четири, во Струга, Крива Паланка, Кратово по три, во Дебар, Радовиш, Ресен и Македонски Брод по два, во Крушево, Демир Хисар, Виница и Делчево по еден нов случај.

Починати се седум пациенти од Скопје на 55, 78, 71, 35, 66, 71 и 64-годишна возраст, еден од Куманово на 57-годишна возраст, двајца пациенти од Дебар на 58 и 64- годишна возраст, еден од Прилеп на 61-годишна возраст, еден од Струга на 75-годишна возраст, двајца пациенти од Велес на 61 и 64-годишна возраст, двајца од Битола на 74 и 70-годишна возраст, двајца од Гостивар на 79 и 76-годишна возраст, двајца пациенти од Крива Паланка на 56 и 88-годишна возраст, еден од Кочани на 60-годишна возраст и еден пациент од Делчево на 81-гоишна возраст. Од починатите, двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.

Во Велес како последица од Ковид-19 од почетокот на епидемијата починаа 23 лица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од кои тројца се од Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: