Намалување на цените на горивата

benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,40 % во однос на одлуката од 07.04.2022 година. 

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Новите цени на горивата се следни : Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95- 80,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 82,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)- 80,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) -8,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС- 51,335 (денари/килограм).

​Можеби ќе ве интересира: