
Персоналот на штипско инфективно освен со корона вирусот и напливот на пациенти мора да се бори и со агресивни граѓани. Штипјанец се обидел насилно да влезе во инфективното одделение.
Случајот до полиција го пријавило обезбедувањето на објектот на болницата. 29 годишникот, чија родина се лекувала на инфективно, агресивно се однесувал и кон дежурниот лекар. Од полицијата велат дека ќе следува пријава.
Сето ова се се слууува во период кога на инфективно се лекуваат 57 пациенти, а четворица ја изгубија битката со вирусот. Од хоспитализираните 20 се на повремена кислородна подршка, а 14 се исклучително тешки случаи, што само потврдува дека есенскиот бран удира многу посилно.
Можеби ќе ве интересира:
