Нападнато обезбедувањето на банка во центарот на Велес

No description available.

Инцидент се случи попладнево во просториите на банка во центарот на Велес. Две лица го нападнале вработениот од обезбедувањето на Стопанска банка Битола, која се наоѓа на С`рмаале.

Zito akcija 640x289px
No description available.

Според информации на Батали.нет, двајцата насилници дошле пред банката за да подигнат социјална помош. Вработените им кажале дека тие биле по распоред за земање парична помош во среда. По ова, двајцата почнале дрско да се однесуваат кон вработените, а обезбедувањето два пати ги предупредил да го напуштат објектот, но наместо тоа, тие го нападнале обезбедувањето.

Agria

Веднаш била повикана полиција, која стигнала на местото на инцидентот. Повеќе детали за настанот се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: