Напаѓачот што ја застрела социјалната работничка во Прилеп побегнал од психијатриска институција

Psihijatriska bolnICA

Социјалната работничка која беше застрелана во Прилеп е повредена и е вон животна опасност, информираше Јавното обвинителство. Дежурен јавен обвинител извршил увид на самото место. Напаѓачот подолго време ја демнел жртвата, а имал избегано од психијатриска институција, соопшти Јавното обвинителство.

Zito akcija 640x289px

„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во простории на Центарот за социјални работи – Прилеп каде со истрели од огнено оружје повредено е едно лице.

Agria

Осомничениот, според првични сознанија, претходно подолг период ја демнел и загрозувал сигурноста на жртвата за што биле водени соодветни кривични постапки против него, меѓутоа избегал од институција во која издржувал мерка задолжително психијатриско лекување“, се вели во соопштението на ЈО.

Од ЈО велат дека осомничениот е лишен од слобода и дека оружјето и други траги се обезбедени и ќе бидат предмет на вештачење.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: