Наредната недела нови мерки за поддршка на најранливите граѓани

LEB VO MARKET
LEB VO MARKET

Следната недела владата ќе објави нови мерки за намалување на ценовен шок. Министерот за економија потенцираше дека пакетот мерки ќе биде наменет за ранливите категории, но не кажа што точно ќе добијат граѓаните на кои најмногу им е потребна државна помош. Министерот Бектеши не откри  ниту кои се наодите од анализата на пазарен инспекторат која токму тој ја  најави како клучна за формирањето на новите мерки. Бектеши застана и во одбрана на директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски кој откако стапи на функцијата е недостапен за новинарите.  

Zito akcija 640x289px

„Маржите се најлесна работа, може сега да се вратиме  на работа да свикаме седница на влада и да ги ограничиме маржите. Ние сакаме директно да поддржиме ранливи категории на граѓани имајќи во предвисд дека поминаа тешка година со инфлацијата. Директорот на пазарен инспекторат не ги креира мерките, тие даваат инпут во делот на тоа каде би можело да се интервенира. Што покажуваат анализите ќе дознаете најдоцна почетокот на идната недела.“

Agria

Од пред неколку дена дел од пекарниците ја зголемија цената на белиот леб на парчиња од 33 денари на 38 денари. Надлежните најавија санкции за несовесните трговци. Цените на млечните производи секојдневно рушат рекорди. Се очекува да се зголеми цената на печивата во кои содржат дел од млечни производи како сирење, урда, павлака или кашкавал. А според информациите од месната индустрија цените на месото и месните преработки во периодот што следи нема да се зголемуваат. До крајот на овој месец околу 1000 прехранбени производи кои граѓаните редовно ги купуваат ќе добијат нова повисока цена поради зголемувањето на ДДВ-то од пет на десет отсто, бидејќи властите ги категоризираа како луксузна стока.  

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: