Поради лоши временски услови, дерби натпреварот од 11 коло на Првата женска фудбалска лига кој требаше да се одигра вчера помеѓу екипите на Скопје 2014 и Борец е одложен.
Содржината продолжува под рекламата
Официјалните лица заедно со претставниците и капитените на двете екипи заклучија дека нема услови за одигрување на фудбалски натпревар, бидејќи теренот каде ги одигрува натпреварите екипата на Скопје 2014 бил поплавен.
Содржината продолжува под рекламата
Двете екипе се согласиле натпреварот да се одигра пред почетокот на пролетниот дел. Со победата над екипата на Атлетико со 6:0, екипата на Тиверија ја презеде лидерската позиција на табелата и заминува на одмор како есенски шампион.
Можеби ќе ве интересира: