Американските научници од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на Ковид-19. Експертите тестирале терапевтско средство против коронавирусот и откриле дека 3CLpro е основниот ензим во развојот на вирусот САРС – КоВ – 2.
Коронавирусните 3CL протеази се силни терапевтски цели, бидејќи тие играат клучна улога во репликацијата на коронавирусот. При користење на пронајдените инхибитори на оваа протеаза кај лабораториски глувци, се покажа дека овој препарат ја запира репликацијата на вирусот.
Научниците наведуваат дека таквото влијание врз слабата точка на вирусот овозможува да се блокира репродукцијата не само на МЕРС, туку и на коронавирусот МЕРС – КоВ и САРС – КоВ – 2. Според експертите следниот чекор треба да биде тестирање на ефективноста на лекот кај луѓето.