Летното сметање на времето во 2021 година завршува во недела на 31 октомври во три часот по полноќ.
Ноќта помеѓу сабота и недела, часовниците треба да се вратат еден час наназад. Времето во три часот во недела на 31 октомври се смета за два часот, согласно Законот за сметање на времето.
Практиката е секој последен викенд во октомври да се поместува часовникот и да се префрла на зимско сметање на времето, а тоа прашање е регулирано со закон во повеќето европски земји.
Комитетот на Европскиот парламент гласаше за укинување на поместувањето на часовникот во 2021 година, што со децении се случува двапати годишно – во март и во октомври.
Ваквото сметање на времето трае до последниот викенд во март, кога следи летно сметање на времето.
Moжеби ќе ве интересира: