Охрид, Струга, Ресен, Дебар и повеќе населени места во околината денеска немаат струја, а неофицијално, причината поради која без електрична енергија се над 100 илјади жители, е голем дефект на системот. Поради прекинот, локалните жители имаат проблем и со мобилната телефонија и интернетот.
Содржината продолжува под рекламата
Неофицијално од ЕВН велат дека проблемот е во далноводите на МЕПСО кои се срушиле под притисок на наврнатиот снег кој интензивно вее во западниот дел од Македонија. Во регионот од синоќа има обилни врнежи од дожд и влажен снег на повисоките места, кој предизвикува проблеми и оштетувања на електричната мрежа и другата инфраструктура.
Содржината продолжува под рекламата
Засега нема информации кога би се санирале тековните проблеми. Според податоците, на терен се излезени екипи на државниот оператор МЕПСО кои, во отежнати временски услови, работат на санирање на дефектите.
Можеби ќе ве интересира: