Нема коронавирус кај велешанецот кој лежи во велешка болница

Infektivno Veles

Негативен е тестот кај пациентот кој пред десетина дена се вратил од Шведска, а од пред два дена е хоспитализиран на инфективното одделение на велешка болница, потврдија од Општа болница Велес.

Zito akcija 640x289px

„Пациентот кој беше хоспитализиран на инфективното одделение во ЈЗУ Општа Болница Велес пред 2 дена и беше тестиран за присуство на вирусот COVID – 19, поради позитивна епидемиолошка анкета дека е вратен од Шведска пред неколку дена е нагативен на тестот и нема знаци и симптоми поврзани со инфекцијата COVID -19. Во моментов на Инфективното одделение нема ниту еден пациент сомнителен за инфекција со Корона вирусот“, пишува во соопштенитео на велешката болница.

Agria