
И покрај намалувањето на бројот на новозаразени со Ковид 19, нема олабавување на рестриктивните мерки – потврдуваат од Министерството за здравство.
На угостителските објекти како и досега, им е дозволено да работат до 23 часот и 30 минути и тоа само на отворените летни тераси, како и останување во сила на полицискиот час од полноќ до 4 часот наутро.
Од Министерството не потенцираа до кога ќе бидат на сила овие рестрикции, меѓутоа тие ќе траат барем до следниот состанок на Комисијата за заразни болести.
Апелираат за почитување на веќе усвоените мерки. За барањата на угостителите се уште нема официјална одлука.
Можеби ќе ве интересира: