Нема регистрирано заразен велешанец со коронавирусот во изминатите 24 часа

Veles dron Ivan

Според извештајот на министерството за здравство во последните 24 часа во Велес не е регистриран ниту еден нов случај на коронавирусот, a во моментов бројката на активвни велешани кои што се заразени со коронавирусот изнесува двајца граѓани.

Zito akcija 640x289px

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 2.743 тестирање, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19:

Agria

Тетово – 6, Гостивар – 2 и Охрид – 1.

Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Струмица – 3, Крива Паланка и Кичево – по 1, a nе се регистрирани починати пациенти.

Oд почетокот на епидемијата, досега во Македонија се направени вкупно 897.647 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.741, бројката на оздравени пациенти е 150.114, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 141.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/22105/pochnuva-vakczinaczija-na-decza-od-12-do-16-godishna-vozrast/