Комисијата за заразни болести констатирала дека нема потреба од зголемување на траењето на полицискиот час, откако деновиве бројките на заразени со коронавирус бележат зголемување и се движат близу 1000 на дневно ниво.
Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција рече дека во оние градови во кои деновиве се регистрирани повеќе новозаразени, бројот е во стагнација, а во некои од нив и во благо опаѓање. Комисијата за заразни болести ќе се состане на почетокот на идната недела, кога ќе се анализира состојбата и ќе се реши дали има потреба од нови рестриктивни мерки.
Министерот Филипче рече дека болничките капацитети се исполнуваат, но дека се уште има слободни кревети, а неколку модуларни болници низ земјава се подготвени да примат пациенти.
Можеби ќе ве интересира: