Невладина организација ги повикува надлежните институции да ги преземат сите мерки за превенција од проширување на КОВИД-19 во затворските установи

Коалицијата “Сите за правично судење” ги повикува надлежните служби, вклучувајќи ги тука судовите, Судскиот совет, Министерството за правда, Управата за извршување на санкции, како и казнено поправните и воспитно поправните домови и установи, да ги преземат сите расположливи мерки кои се во нивна надлежност, а со кои би се придонело кон превенирање на потенцијална и сериозна инфекција со КОВИД-19 во установите каде се наоѓаат лица лишени од слобода.

Zito akcija 640x289px

Во контекст на овој повик се и досега издадените упатства и препораки од Комитетот за спречување на тортура и Советот на Европа, како и Светската здравствена организација, согласно кои се препознава зголемената опасност од ширење на коронавирусот во затворите и притворските одделенија, па се повикуваат државите да преземат низа мерки на повеќе нивоа со цел да се спречи евентуална епидемија во затворите и затворените установи. Дел од овие препораки се однесуваат и на судовите и јавните обвинителства, а се во насока на намалување на употребата на мерката притвор и ублажување на казнената политика во поглед на изрекување на затворските казни.

Agria

Значењето на целосна, темелна и брза имплементација на овие препораки е императивно за превенција и сузбивање на појава и ширење на КОВИД-19 помеѓу затворската и притворската популација.

Повеќе детали прочитајте на https://all4fairtrials.org.mk/