Велешката гордост, Фудбалскиот клуб Борец продолжува со очајните резултати во Втората фудбалска лига. На стартот од пролетниот дел од сезоната , на гостувањето во Виница беа високо поразени од Слога со 4:0.
Содржината продолжува под рекламата
Се беше решено до 20 минута кога домаќините преку двата гола на Давид Манџуковски и Кристијан Јордановски водеа со 3:0. До крајот на натпреварот домашните постигнаа уште еден гол преку Бобан Тасевски во 55 минута, иако од 47 минута играа со играч помалку по исклучувањето на Кристијан Јордановски.
Содржината продолжува под рекламата
Борец останува закован на последното место без ниту еден освоен бод, додека конкуренцијата за опстанок Тетекс и Слога го зголемија своето бодовно салдо. Наредното коло во Велес гостува екипата на Беласица, која денес го совлада Детонит со 2:1.
Можеби ќе ве интересира: