Ништо од договорот, штрајкот во училиштата продолжува, од утре ќе работат градинките

SONK

Продолжува штрајкот во училиштата, додека во градинките ќе биде ставен во мирување и од утре вратите во предучилишните установи ќе бидат отворени, изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков. Тој по денешната седница истакна дека од 480 синдикални организации во земјава, 388 се за продолжување на штрајкот од утре.

Zito akcija 640x289px

„Советот на СОНК одлучи да продолжи штрајкот и утре се’ до наоѓање на заедничко решение со Владата“, рече Неделков.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Како што додаде, градинките ќе ги отворат вратите во интерес на родителите, но и стопанството кое трпи поради неможноста за згрижување на децата. Советот на СОНК одлучил и да организира голем масовен протест во среда на 4 мај. Неделков пoвтори дека жалат за непријатностите со кои се соочуваат родителите и учениците и повика на разбирање.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/29472/gorivata-poskapuvaat-benzinite-po-2-5-denari-dizelot-eden-denar/