Денеска е последниот ден од изборната кампања пред одржувањето на првиот круг на претстојните локални избори, што треба да се одржи в недела на 19 октомври.
Политичките партии, независните кандидати и коалиции уште денеска имаат можност да се претстават себе си и своите визии и програми за локалните избори.
Ноќеска на полноќ почнува изборниот молк, кој ќе трае до завршувањето на изборите.
Од понеделник 20 октомври ќе почне кампања за оние општини каде нема да биде избран градоначалник во првиот изборен круг.